Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трајков: Реформите се клучни за јакнење на институциите и забрзување на европскиот пат

Трајков: Реформите се клучни за јакнење на институциите и забрзување на европскиот пат

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на Сојузна Република Германија Јан-Аксел Фос и Кевин Мас од политичкиот оддел на Амбасадата.

Фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите поврзани со спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027.

Заменик-министерката ги презентираше досегашните активности и постигнатите резултати во реформскиот процес, како и приоритетите за наредниот период, нагласувајќи дека реформите се насочени кон создавање поефикасни, транспарентни и одговорни институции.

На средбата беше разговарано и за можностите за понатамошна соработка и размена на германските искуства и експертиза во областите опфатени со Реформската агенда.

Трајков ја истакна важноста на континуираната поддршка од Сојузна Република Германија за реформскиот процес и европската перспектива на  нашата држава.

Мени за пристапност