Заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков денеска беше говорник на Осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европска Унија во Северна Македонија што се одржа во Собранието.
Заменик-министерката за европски прашања зборуваше на темата „Реформи од другата страна на реториката: регионални предизвици на патот кон Европската унија“.
,,Кога се зборува за евроинтеграциите, се мисли на прогрес, се мисли на напредок, на воведување стандарди во сите сфери на живеењето и на крајот, се мисли на подобар живот за сите граѓани. Тоа е мислата која не води нас, но и државите од регионот додека ги вложуваме нашите напори за да ги спроведеме неопходните реформи кои ќе ни го обезбедат посакуваниот влез во Унијата.Тој пат сите ние знаеме дека не е лесен и дека е исполнет со потешкотии и предизвици. Предизвици кои не научија и се уште не учат да ги претвораме во можности” истакна Трајков.
Таа порача дека Владата работи посветено на спроведување на европските стандарди и подобрување на условите за граѓаните и бизнисите.
,,Целосно сме посветени на спроведување на реформите кои се дел од Реформската агенда, а кои за нас значат шанса да се доближиме до ЕУ преку спроведување на европските стандарди и вредности.Листата на реформите е долга, но охрабрува тоа што дел од овие реформи се веќе спроведени, а дел остануваат да се спроведат во периодот што следува.”истакна заменик министерката за европски прашања.
Во овој период фокусот е на исполнување на 29 чекори до крајот на годинава во областите на јавен финансиски менаџмент, реформа на јавната администрација, енергетика, дигитална транзиција, развој на бизнис секторот и реформи во областа на владеење на правото. Со исполнување на овие чекори, ќе се ослободат дополнителни 134 милиони евра за нашата земја.Заменик-министерката Трајков рече дека Европската Унија не поддржува во нашите напори да и се приклучиме,но затоа мора да ги вложиме сите наши капацитети, потенцијали, луѓе, заедно да ја оствариме оваа наша стратешка цел за која трпеливо чекаме веќе две децении.