Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ТРАЈКОВ НА СРЕДБА СО СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР ГРЕГОР ПРЕСКЕР: РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Е ВАЖЕН ЧЕКОР КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ

ТРАЈКОВ НА СРЕДБА СО СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР ГРЕГОР ПРЕСКЕР: РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Е ВАЖЕН ЧЕКОР КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж.

Во фокусот на разговорот беа спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027, реализираните реформи и активностите на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди.

Трајков ги презентираше досегашните резултати и приоритетите за наредниот период, истакнувајќи ја важноста на координацијата меѓу институциите, доследното спроведување на реформите и следењето на постигнатите резултати.

На средбата беше разменето мислење и за значењето на словенечката поддршка и искуство во процесот на европска интеграција.

Соговорниците ја истакнаа важноста на континуираниот дијалог и соработката во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на нашата земја кон Европската Унија.

Мени за пристапност