Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трајков на состанок со Етичкиот комитет на ЕПП: Македонија е посветена на реформите и борбата со корупцијата

Трајков на состанок со Етичкиот комитет на ЕПП: Македонија е посветена на реформите и борбата со корупцијата

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков утрово учествуваше на состанокот на Етичкиот комитет на Европската народна партија (ЕПП), каде што ги претстави позициите на Македонија во однос на реформските процеси и европската интеграција.

Во своето излагање, Трајков истакна дека Македонија останува цврсто посветена на Реформската агенда, особено во делот на реформите во судството. Таа ја нагласи и одлучноста на земјата во борбата против криминалот и високата корупција, посочувајќи дека европскиот пат е единствената стратешка цел на земјата, и покрај секојдневните предизвици.

Мени за пристапност