Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трајков: Германската поддршка е значајна за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Трајков: Германската поддршка е значајна за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Македонскиот евроинтеграцискиот процес беше во фокус на денешната средба на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков со делегација од Хесен, Сојузна Република Германија. Во рамките на делегацијата присуствуваа покраинскиот министер за сојузни и европски и меѓународни надлежности во Хесен и претседател на општинското собрание и државен секретар, Манфред Пенц, потоа членовите на општинскиот управен одбор, Рајнхолд Либенштајн и Јанек Гола, како и поранешниот градоначалник, Ахим Грим и Марк Пулман, градоначалник на општина Грос-Цимерн. 


Заменик-министерката за европски прашања, Трајков се заблагодари на континуираната поддршка на Германија за нашата земја на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека оваа поддршка е особено значајна за забрзување на евроинтеграцискиот процес. 


Претставниците на делегацијата од Хесен истакнаа дека единствената вистинска и правилна опција за Македонија е членството во ЕУ, воедно нагласувајќи дека на тој пат од големо значење ќе биде размената на искуства и помошта во различни области. 


Беше дискутирано и за досегашната соработка меѓу двете земји во повеќе сфери, со заеднички заклучок дека е важно германско-македонското пријателство да се зацврстува и понатаму. 


Заменик-министерката за европски прашања, Трајков ги претстави приоритетите на Министерството за европски прашања, истакнувајќи дека следниот период фокусот ќе биде ставен во зацврстување на капацитетите на институциите за целосна реализација на зацртаните чекори на полето на евроинтеграциите.

Мени за пристапност