Заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков оствари средба со делегација од Унгарија предводена од амбасадорот Андраш Клајн, придружуван од политичката директорка во Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, Хенриета Балајти.
На средбата беа разгледани тековните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Унгарија, како и можностите за продлабочување на соработката во процесот на европската интеграција, безбедносната политика и регионалната стабилност.
Делегациите ја потврдија заедничката заложба за интензивирање на политичкиот дијалог и размена на експертиза во рамки на европските процеси.
Заменик-министерката Трајков изрази благодарност за континуираната поддршка од Унгарија за европската перспектива на Северна Македонија, додека унгарската делегација ја истакна подготвеноста за понатамошно зајакнување на партнерството во области од заемен интерес.