Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Северна Македонија успешно го заврши претседавањето со Јадранско-јонската иницијатива и ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR)

Северна Македонија успешно го заврши претседавањето со Јадранско-јонската иницијатива и ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR)
Со завршниот министерски панел, симболичното примопредавање на претседателството на Италија и прес-конференцијата, во Скопје успешно беше затворен 11-тиот EUSAIR Форум и Министерскиот состанок на Јадранско-јонската иницијатива.
 
Во рамки на панел-дискусијата на високо ниво, министрите и претставниците на земјите учеснички ја потврдија важноста на регионалната соработка, поврзаноста и европската интеграција како клучни фактори за стабилноста и развојот на Јадранско-јонскиот регион.
 
Во текот на официјалната церемонија, Северна Македонија го предаде претседателството на Италија, изразувајќи благодарност за соработката и поддршката од сите земји учеснички, европските институции и меѓународните партнери за време на своето претседавање.
 
Преку Скопската декларација и дискусиите што се одржаа во рамки на Форумот, беше потврдена заедничката посветеност кон зајакнување на европската перспектива на регионот, унапредување на реформите и продлабочување на регионалната соработка.
 
На завршната прес-конференција беше испратена порака дека EUSAIR останува важна платформа за дијалог, координација и постепено приближување на регионот кон Европската Унија.

Мени за пристапност