Денес, во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари официјална средба со амбасадорот на Република Туркије, Фатих Улусој.
На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заемен интерес, при што беше истакната важната улога на Република Туркије како членка на НАТО и нејзиниот придонес во зачувувањето на мирот и стабилноста, како на регионално, така и на глобално ниво, особено во делот на безбедноста.
Исто така, беа разгледани можностите за продлабочување на економската соработка и зголемување на турските инвестиции во земјата, кои се очекува да се реализираат во наредниот период.
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, изрази благодарност до амбасадорот Улусој за континуираната поддршка и институционалната помош од страна на Република Туркије, потенцирајќи ги силните пријателски и братски односи меѓу двете држави.