За време на средбата, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари конструктивен разговор со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Денион Мејдани, при што се разговараше за зајакнување на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји.
Посебен фокус на разговорот беше ставен на проектот „One Stop Shop“, кој претставува значаен чекор кон олеснување на движењето на граѓаните и стоките, како и кон зголемување на економската и трговската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Двете страни позитивно ја оценија имплементацијата на овој проект, нагласувајќи ја неговата важност за регионалниот развој и подобрувањето на услугите за граѓаните.
Исто така, беше разговарано и за други заеднички иницијативи, институционалната соработка и координацијата во рамки на европските интеграциски процеси.