Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали оствари средба со амбасадорката на Кралството Данска

Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали оствари средба со амбасадорката на Кралството Данска

Скопје, 22.06.2026 – Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, H.E. Перниле Дахлер Кардел, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.

Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и европски случувања, како и за важноста од зајакнување на партнерската соработка во насока на промовирање на стабилноста, безбедноста и просперитетот.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на пријателските односи и блиската соработка меѓу Република Северна Македонија и Кралството Данска.

Мени за пристапност