Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана информативна сесија посветена на вториот повик за предлози за проекти преку програмата ИПА АДРИОН

Одржана информативна сесија посветена на вториот повик за предлози за проекти преку програмата ИПА АДРИОН

На 21 мај 2025 год. во просториите на Министерството за европски прашања во Скопје се одржа информативна сесија посветена на вториот повик за предлози за проекти во рамките на транснационалната програма за територијална соработка ИПА АДРИОН.

По тој повод, беа презентирани клучни информации за програмата, детали за самиот повик кој е во тек и беа дадени совети за подготовката на проектните апликации, вклучувајќи ги и алатките за изнаоѓање на проектни партнери. Учесниците на информативната сесија беа запознаени и со правилата на програмата во врска со финансиските аспекти на предлозите за проекти.

Настанот собра околу 70 претставници на различни заинтересирани страни од јавните институции, академските кругови, граѓанското општество и деловниот сектор. Учесниците активно се вклучија во дискусија, интересирајќи се за можностите за вмрежување, поставуваа прашања и бараа појаснувања околу критериумите на отворениот повик.

Мени за пристапност