Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на завршната сесија од работилницата за комуникација и видливост на реформите поддржани од Европската Унија, која се одржа на 27 март во Скопје.
Во своето обраќање, министерот им се заблагодари на учесниците за нивната посветеност и активна вклученост, нагласувајќи ја важноста на ефективната комуникација како клучна алатка во процесот на европска интеграција. Министерот истакна дека новиот Инструмент за реформи и раст, како дел од Планот за раст за Западен Балкан, претставува значајна можност за унапредување на животниот стандард и отварање нови перспективи за граѓаните.
Посебен акцент беше ставен на потребата од силна институционална координација и транспарентна комуникација, со цел граѓаните да ги препознаат придобивките од реформските процеси.