Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Билатерални средби на МЕП Муртезани на маргините на ЕУСАИР Форумот во Грција

Билатерални средби на МЕП Муртезани на маргините на ЕУСАИР Форумот во Грција

На маргините на Форумот на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), на кој од денес започнува Претседателството на Северна Македонија со Стратегијата и Јадранско-јонската иницијатива, министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари билатерални средби со министерот за кохезија и регионален развој на Словенија, Александер Јевшек и со Жил Кител, раководител на одделот за Инструментот за претпристапна помош и проширување при Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија.

 

На средбата со словенечкиот министер Јевшек, се разговараше за тековната подготовка на Претседателството на Северна Македонија со ЕУСАИР и за поддршката во рамки на новиот проект Facility Point. Посебно внимание беше посветено на размената на искуства во областа на европската територијална соработка и управувањето со Interreg програмите, како дел од пошироките подготовки за идно користење на кохезиските и структурните фондови на ЕУ.

 

На средбата со Жил Кител, беа разгледани сите аспекти поврзани со претстојното претседателство на Северна Македонија со ЕУСАИР, текот на подготовките, координацијата со засегнатите страни и поддршката од Европската комисија. Дополнително, беа отворени прашања поврзани со користењето на достапните финансиски и човечки ресурси, како и потребата од натамошно планирање за ефективна реализација на приоритетите во рамки на Претседателството.

Мени за пристапност