Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Беким Сали на Skopje Security Forum 2026: Стабилноста се гради преку соработка, силни институции и заедничка европска визија

Беким Сали на Skopje Security Forum 2026: Стабилноста се гради преку соработка, силни институции и заедничка европска визија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес учествуваше на отворањето на Skopje Security Forum 2026, на тема „Architects of Stability: The Security Identity of the Western Balkans“, организиран од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Тетово.

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека безбедноста и стабилноста на регионот не се даденост, туку бараат континуирани инвестиции во демократски институции, владеење на правото, економски развој и регионална соработка.

Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешка определба на Република Северна Македонија и една од најсилните гаранции за долгорочна стабилност, безбедност и просперитет.

„Стабилен и безбеден Западен Балкан директно придонесува за посилна и пообединета Европа. Денешните предизвици – од хибридни закани и дезинформации до енергетска безбедност и технолошка трансформација – бараат заеднички одговори и подлабока регионална соработка“, истакна Сали.

Во рамки на Форумот се дискутираше за безбедносниот идентитет на Западен Балкан, геополитичките предизвици, влијанието на големите сили, хибридните закани, институционалната отпорност и улогата на регионот во европската безбедносна архитектура.

Министерот Сали упати благодарност до организаторите и учесниците, нагласувајќи дека дијалогот, партнерството и размената на експертиза остануваат клучни фактори за изградба на побезбедна и постабилна иднина за регионот.

Мени за пристапност