Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 9 (девет) извршители на определено време поради привремено зголемен обем на работа во Министерството за европски прашања

Институција која огласува: Министерство за европски прашања

Рок на пријавување: 04/08/2025

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 9 (девет) извршители на определено време поради привремено зголемен

обем на работа во Министерството за европски прашања

 

Министерството за европски прашања, објавува јавен оглас поради привремено зголемен обем на работа за ангажирање на 9 (девет) лица на определено време, додека трае потребата на институцијата, а најдолго 1 (една) година, за следните позиции:

 

1.       Виш соработник за поддршка на процесот на пристапување, Одделение за поддршка на процесот на пристапување, Сектор за стратешко планирање и поддршка на процесот на пристапување, со шифра на работно место УПР0101В02000 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 

Општествени науки-Политички науки, Право или Економија и бизнис;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку 2 (две) години работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на средно ниво:

-          решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          стратешка свест;

-          ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

 

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 32.868,00 денари до 34.332,00 денари.

 

2.       Помлад соработник за стратешко планирање и мониторинг на ЕУ проекти, Одделение за стратешко планирање, градење на политики и мониторинг и техничко спроведување на ЕУ проекти, Сектор за стратешко планирање и поддршка на процесот на пристапување, со шифра на работно место УПР0101В04001 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 

Општествени науки-Право, Политички науки или Економија и бизнис;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          со или без работно искуство во струката.

 

Општи работни компетенции на средно ниво:

-          решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          стратешка свест;

-          ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 30.173,00 денари до 31.639,00 денари.

 

3.       Соработник за преведување правни акти и други документи за европска интеграција, Одделение за преведување и координација на процесот на преведување, Сектор за за поддршка на подготовка на националната верзија на Acquis Communautaire (правото на ЕУ), со шифра на работно место УПР0101В03000 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 

Хуманистички науки-Јазици и книжевност;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку 1 (една) година работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на средно ниво:

-          решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          стратешка свест;

-          ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 31.990,00 денари до 33.454,00 денари.

 

4.       Помлад соработник за информирање, Одделение за односи со јавноста, Сектор за организациски работи и односи со јавноста, со шифра на работно место УПР0101В04001 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 

Високо образование;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          со или без работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на средно ниво:

-          решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          стратешка свест;

-          ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 30.173,00 денари до 31.639,00 денари.

 

5.       Виш соработник за преведување и лекторирање, Одделение за преведување и лекторирање од албански јазик и други странски јазици, Сектор за организациски работи и односи со јавноста, со шифра на работно место УПР0101В02000 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 

Хуманистички науки-Јазици и книжевност;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку 2 (две) години работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на средно ниво:

-          решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          стратешка свест;

-          ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 32.868,00 денари до 34.332,00 денари.

 

6.       Помлад соработник за безбедност на информации, Одделение за одржување и развој на софтверски програми, Сектор за информатичка и комуникациска технологија, со шифра на работно место УПР0101В04000 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 

Инженерство и технологија-Електротехника, Електроника и информациско инженерство;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          со или без работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на средно ниво:

-          решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          стратешка свест;

-          ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Други посебни услови:                

-          Познавање од оперативни системи, канцелариски компјутерски алатки;

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 30.173,00 денари до 31.639,00 денари.

 

7.       Соработник Helpdesk оператор, Одделение за одржување и развој на софтверски програми, Сектор за информатичка и комуникациска технологија, со шифра на работно место УПР0101В03000 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 

Природно-математички науки-Компјутерски и информациски науки;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          најмалку 1 (една) година работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на средно ниво::

-          решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          стратешка свест;

-          ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Други посебни услови:                

-          Познавање од оперативни системи, канцелариски компјутерски алатки, компјутерски мрежи;

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 31.990,00 денари до 33.454,00 денари.

 

8.       Помлад референт за персонална евиденција, Одделение за вработување, унапредување, селекција и оценување на административните службеници, Сектор за управување со човечки ресурси, со шифра на работно место УПР0101Г04000 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на стручни квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование; 

Вишо/Средно образование;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          со или без работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на основно ниво

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          ориентираност кон странки/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 27.012,00 денари до 27.597,00 денари.

 

9.       Помлад референт за административна поддршка, Одделение за административна поддршка и нормативно – правни работи, Сектор за општи и правни работи, со шифра на работно место УПР0101Г04001 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-          ниво на стручни квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование; 

Вишо или Средно образование;

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          со или без работно искуство во струката.

 

Општи работни компетенции на основно ниво:

-          учење и развој;

-          комуникација;

-          остварување резултати;

-          работење со други/тимска работа;

-          ориентираност кон странки/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Дневно работно време: од 07:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот;

Неделно работно време: 40 часа – од понеделник до петок;

Нето плата: од 27.012,00 денари до 27.597,00 денари.

 

 

Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се:

Ø да е државјанин на Република Северна Македонија,

Ø активно да го користи македонскиот јазик,

Ø да е полнолетен,

Ø да има општа здравствена способност за работното место и

Ø со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

-          своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;

-          кратка биографија (СV) со задолжително наведен контакт телефон и адреса;

-          уверение за државјанство;

-          диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место;

-          доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

-          доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

доказ за потребното работно искуство и

-          лекарско уверение, не постаро од една година, издадено од доктор специјалист по медицина на трудот.

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до Архивата на Министерството за европски прашања или по пошта на следнава адреса: „Плоштад Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје, (со назнака „за оглас за вработување на определено време“). На ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира. Рокот за доставување на потребната документација е 3 (три) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат, односно најдоцна до 04.08.2025 година до 16:30 часот. Ненавремените и некомплетните пријави и документации нема да бидат разгледувани.

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерството за европски прашања.

Министерството за европски прашања ќе изврши избор во рокот пропишан согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Мени за пристапност