Институција која огласува: Министерство за европски прашања
Рок на пријавување: 02/12/2025
Врз основа на член 48 став 4 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/2020, 215/2021, 99/2022 и 208/2024 “), а во врска со член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен инерниот оглас („Службен весник на Република Македонија” бр.11/15, 35/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 303/20), Министерството за европски прашања објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2025
за унапредување на 2 (двајца) административни службеници
Интерниот оглас се објавува за унапредување на 2 (двајца) административни службеници во Министерството за европски прашања со пополнување на следните работни места:
1. УПР0101В01001 - Советник за наука, истражување, образование и култура и социјална политика - Одделение за иновации, информатичко општество и социјална политика, Сектор за интеграција - 1 (еден) извршител
Посебни услови:
А) Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Образование: Општествени науки;
Б) Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката;
В) Општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,
- учење и развој,
- комуникација,
- остварување резултати,
- работење со други/тимска работа,
- стратешка свест,
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
- финансиско управување.
Г) Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Д) Други посебни услови:
- Познавање на обврските и реформите од процесот на европска интеграција во областа на социјална политика и вработување,
- Познавање на институционалната поставеност на ЕУ и нејзината надлежност во однос на областа на социјална политика и вработување,
- Познавање на националната правна и институционална рамка во областа на социјална политика и вработување и
- Познавање на европските и меѓународните практики и стандарди во областа на социјалната политика и вработување.
Распоред на работно време:
Работни денови: од понеделник до петок
Почеток на дневно работно време: од 7:30 до 8:30 часот
Завршеток на дневно работно време: од 15:30 до 16:30 часот
Неделно работно време: 40 часа
Плата во нето износ: 36.383,00 денари.
2. УПР0101В01001 - Советник за управување со ефектот на административните службеници и информациониот систем за управување со човечки ресурси - Одделение за вработување, унапредување, селекција и оценување на административните службеници, Сектор за управување со човечки ресурси - 1 (еден) извршител
Посебни услови:
А) Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Образование: Општествени науки;
Б) Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката;
В) Општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,
- учење и развој,
- комуникација,
- остварување резултати,
- работење со други/тимска работа,
- стратешка свест,
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
- финансиско управување.
Г) Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работно време:
Работни денови: од понеделник до петок
Почеток на дневно работно време: од 7:30 до 8:30 часот
Завршеток на дневно работно време: од 15:30 до 16:30 часот
Неделно работно време: 40 часа
Плата во нето износ: 36.383,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за европски прашања, кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работно место утврдени во огласот, општите и посебните услови пропишани со Законот за административни службеници (да е државјанин на Република Северна Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност) како и:
- да е оценет со оцена „А" или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава за унапредување преку архивата на Министерството за европски прашања до Секторот за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Секторот за управување со човечки ресурси hr@sep.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата, можат да ги приложат и следните докази:
- Потврди за успешно реализирани обуки и/или
- Потврди за успешно реализирано Менторство (како ментор или менториран административен службеник).
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на веб страната на Министерството за европски прашања и веб страната на Агенцијата за администрација.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.