Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ на универзитетите во Република Македонија за државни службеници за учебната 2007-2008 година

Владата на Република Македонија преку Секретаријатот за европски прашања прва година доделува стипендии за постдипломски студии од областа нa ЕУ, односно европско право, економија, политиките на ЕУ и/или мултидисциплинарни студии за Европската унија/европска интеграција на универзитетите во Република Македонија. Оваа активност се спроведува со цел да се даде поддршка на сите државни службеници и вработени во министерствата и други органи на управата, кои директно се вклучени во работата на процесот на придружување на Република Македонија во Европската унија, а немаат обезбедени финансиски средства за покривање на студиите по друга основа.

Секретаријатот за европски прашања оваа година распиша конкурс за доделување стипендии за постдипломски студии во областа на Европската унија/европска интеграција на универзитетите во Република Македонија за 2007-2008 година. Конкурсот ќе биде објавен во јавните гласила во текот на месец септември 2007 година.

Кои и какви студии се поддржуваат и зошто?

Од оваа 2007 година Владата на Република Македонија започна со активностите за доделување стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ нејзините политики, историјат, институции, право и економија на универзитетите во Република Македонија. Целта на обезбедување на финансиски средства за постдипломски студии од областа на ЕУ и европската интеграција е јакнење на професионални вештини на што поголем број на државни службеници ангажирани во процесот на ЕУ.

Кој може да се пријави?

Стипендиите се наменети за државни службеници кандидати за студии, коишто ќе се запишат на високообразовни институции во Република Македонија со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ, нејзините политики, историјат, институции, право и еконимија.

УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

Подолу на страницата е прикачен преглед на акредитирани високообразовни институции во Република Македонија коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е индикативен список - само насока во вашиот избор на универзитет, односно избор на постдипломски студии.

Преглед на студии за ЕУ/ЕИ на акредитирани високообразовни установи во РМ

Прочитај повеќе

Список на државни службеници/стипендисти на Владата на Република Македонија 2007/2008 на високообразобни институции во Република Македонија за учебната 2007-2008 година.

Прочитај повеќе

Мени за пристапност