Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

SOCIEUX+

SOCIEUX+ е механизам за техничка соработка основан и кофинансиран од Европската Унија од Генералниот директорат за меѓународни партнерства на Европската комисија (DG INTPA), Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) и владите на Белгија, Франција и Шпанија. Механизмот се имплементира со партнерските организации: Агенција за експертска поддршка “Expertise France”, Белгиска агенција за меѓународна соработка за социјална заштита “Belincosoc”, Белгиската агенција за развој “Enabel” и Меѓународната и американската фондација за администрација и јавни политики (FIIAP).

SOCIEUX+ мобилизира европски експерти за краткорочни активности за техничка соработка со нивните колеги надвор од ЕУ и е достапен во повеќе од 160 подобни земји и територии ширум светот. Акциите SOCIEUX+ се микропроекти кои се спроведуваат преку краткорочни активности.

SOCIEUX+ обезбедува eкспертиза за социјалниот сектор во областите социјална заштита, труд, вработување и ги поддржува земјите во борбата против сиромаштијата, социјалната исклученост, ранливоста и нееднаквоста .Сотехничка подршка се обезбедува соработка помеѓу јавните и социјалните партнери.  преку peer to peer мисии, експерска помош за правната рамка и обуки. Општата цел е да се прошири и подобри пристапот до подобри можности за вработување и инклузивни системи за социјална заштита. 

 

Подрачја на поддршка:

Социјално осигурување (Пензиско осигурување; здравствено осигурување; повреди и несреќи на работа; бенефиции за невработеност; семејни бенефиции; инвалидско осигурување; итн.)

Социјална помош(Социјални трансфери; старосни бенефиции; дотации за деца и попреченост; социјални услуги; пристап до основни услуги; шеми за гарантиран приход; итн.)

Работни односи: (Пристојна работа; активни трудови политики; информациски системи за пазарот на трудот; трудови стандарди; работни услови; работни односи; социјален дијалог; итн.)

Вработување(Сигурно вработување; служби за вработување; стручно образование и обука; пристап до вработување за ранливите групи; зелени работни места; итн.)

 

Видови интервенции:

  • Изработка на секторски стратегии;
  • Функционални и организациски анализи;
  • (Ре)формулирање на законодавни рамки;
  • Трансфер на знаење (проценка на потребите, обука на обучувачи, тркалезни маси, тренинг и поддршка на далечина итн.);
  • Конципирање на системи за управување и проток на информации;
  • Компаративни студии;
  • Физибилити студии; итн

Насоки за апликација:

Упатство: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/socieux-file-dsFE.pdf

Образец за апликација:  https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/socieux-file-1Lw4.docx

 

Чекори за аплицирање:

  1. Пополнување на   образецот за барањето на англиски, француски, португалски или шпански
  2. Приложување нарелевантни придружни документи
  3. Потпис  и датум на барањето
  4. Барањето со релевантните документи да се испрати до  elidona.beluli@sep.gov.mk

 

Во текот на аплицирањето е можно да се оствари мејл комуникација со програмата за да може да се подобри и/или дополни текстот на барањето/проектот.  Во оваа комуникација посредува националното контакт лице од СЕП. Програмата трае 11 месеци и во овој период ќе има можност да се спроведат 4 мисии.

 

Национално контакт лице за SOCIEUX+:
Елидона Белули Имери
Виш соработник во Секторот за координација на ЕУ фондови и друга странска помош
elidona.beluli@sep.gov.mk
Тел: +389 70 409 506

Мени за пристапност