Програмата од областа на здравството има за цел да ги поддржи политиките на земјите-членки и да придонесе за зголемена солидарност и просперитет во Европската унија преку заштита и промоција на човековото здравје и безбедност и преку подобрување на јавното здравство. Во рамките на оваа програма ќе биде промовирано и учеството и консултацијата со засегнатите страни. Буџетот на Програмата изнесува 321.5 мил. евра и истата ќе биде спроведена преку годишни работни планови во коишто ќе бидат назначени приоритените области и критериумите за финансирање.
Цели на Програмата:
- Да ја подобри здравствената безбедност на граѓаните;
- Да го промовира здравството, вклучувајќи намалување на нееднаквостите во здравството;
- Да промовира информации и знаење поврзани со здравјето на граѓаните.
За да се осигура целосно учество во Програмата следниве финансиски механизми стојат на располагање:
- Кофинансирање на проекти чијашто цел е остварување на една од целите на Програмата;
- Активности поврзани со тендерирање што би биле во насока на остварување на целите на Програмата;
- Кофинансирање на оперативните трошоци на невладини организации или специјализирани мрежи;
- Заедничко финансирање на јавни тела или невладини организации од Заедницата или од една или повеќе земји-членки;
- Заеднички акции со другите програми на Заедницата, коишто би развиле врска помеѓу овој инструмент и другите програми на Заедницата.
Национална партнерска институција одговорна за спроведување и координирање на активностите поврзани со Програмата е Министерството за здравство.