Програмата Граѓани на Европа треба да и обезбеди на Унијата инструменти за промовирање на активно eвропско државјанство, како и охрабрување на соработката помеѓу граѓаните и нивните организации од различни земји. Ваквата интеркултурна размена ќе придонесе за подобрување на заедничкото знаење за културите и историјата на европските народи. Главните цели на Програмата се:
- Давање можност на граѓаните да соработуваат и учествуваат во создавањето на обединета Европа;
- Создавање на европски идентитет, базиран на познцатите заеднички вредности, историјата и културата;
- Зајакнување на заедничкото разбирање помеѓу европските граѓани
Предвидено е овие цели да бидат спроведени преку следниве акции:
- Активни граѓани за Европа (Active citizens for Europe)
- Активно граѓанско општество за Европа (Active civil society for Europe)
- Заедно за Европа (Together for Europe)
Национална партнерска институција одговорна за спроведување и координирање на активностите поврзани со Програмата е Министерството за образование и наука.