Програмата Царина 2013 дава можност на националните царински администрации на ЕУ, заедно со Европската комисија, да соработуваат во области од заеднички интерес. Програмата е отворена од 1 јануари 2008 до 31 декември 2013 година и обезбедува правна и финансиска основа за:
- зајакнување на безбедноста и сигурноста во рамките на Унијата и на надворешните граници
- зајакнување на борбата против измама и заштита на финансиските и економските интереси на Унијата и земјите-членки
- зголемување на конкурентноста на европскиот бизнис со забрзување на царинските постапки делумно преку создавање на европска средина со електронска царина.
Буџетот на програмата во текот на шестте години е 324.000.000 €. Земјите-кандидатки за пристапување кон Европската унија (ЕУ) може да учествуваат во Програмата, како и потенцијалните земји кандидати. За да ги постигне своите цели во рамки на Царина 2013 се користи голем број на алатки како што се развој и одржување на ИТ системи, работни посети на официјални претставници, семинари, бенчмарк, работилници, следење активности и проектни групи.