Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Втор повик за стратешки предлог- проект со стратешки фокус на Преспанскиот регион во рамки на Интерег (4-А) програмата за преку – гранична соработка Грција – Северна Македонија 2021 – 2027

Министерство за европски прашања Министерство за европски прашања

Во тек е Вториот повик за стратешки предлог-проект со стратешки фокус на Преспанскиот регион во рамки на Интерег (4-А) програмата за преку – гранична соработка Грција – Северна Македонија 2021 – 2027 кој ќе биде отворен до 11.10.2024 година.

Со повикот се покануваат Министерството за внатрешни работи и Општина Ресен од македонска страна и Регионот на Западна Македонија, Општина Преспа и Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија – Тракија) од грчка страна да достават предлог-проект кој се фокусира на RSO3.2 од програмата (Развој и подобрување на одржлива, климатски отпорна, интелигентна и интермодална национална, регионална и локална мобилност, вклучувајќи подобар пристап до ТЕН-Т и прекугранична мобилност).

Овој повик е значајна можност за унапредување на регионалниот развој и прекуграничната соработка и за истиот се ставаат на располагање 7.72 милиони евра од споменатата програма (стапка на финансирање од ЕУ 80%).

Сите дополнителни информации се достапни на следниот линк:

https://greece-northmacedonia.eu/call/3rd-call-for-strategic-project-proposal/

Мени за пристапност