Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Секретаријатот за европски прашања најавува Информативна сесија за повикот на добри практики преку Интерег УРБАКТ IV програмата

Министерство за европски прашања Министерство за европски прашања

Информативната  сесија за повикот за добри практики преку Интерег УРБАКТ IV програмата ќе се одржи во Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања на 14-ти мај 2024 год., во периодот 10.00-13.00 часот, во хибриден формат.

Вашето учество на информативниот ден можете да го пријавите најдоцна до 10-ти мај 2024 год. до крајот на работното време на следната адреса: Natalija.Filipovska@sep.gov.mk.

Агендата и линкот за приклучување кон овој хибриден настан ќе биде навремено споделен со регистрираните учесници.

Во повикот на УРБАКТ за добри практики, кој трае од 15-ти април до 30-ти јуни 2024 год., може да се предлагаат постоечки локални практики кои се влијателни, партиципативни, интегративни, релевантни за Европската унија и преносливи во други европски градови.

Градови од 27 земји- членки на Европската унија, земји партнери (Норвешка, Швајцарија), градови од земји кои се кориснички на Инструментот за претпристапување во ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), како и од Украина и Молдавија, се поканети да ги предложат своите добри практики. Избраните практики ќе бидат промовирани преку различни алатки за зголемување на видливоста, како и  преку промотивни акции на УРБАКТ фестивалот на градови, кој се одржува во период 8-10 април 2025 год. во Вроцлав, Полска.

Детални информации за повикот, вклучувајќи и пристап до алатката за пребарување на проектни партнери се достапни на следниот линк https://urbact.eu/get-involved

На повикот можат да се пријават градови и други релевантни партнери од Северна Македонија.

Дополнително, Секретаријатот на УРБАКТ IV програмата организира серија информативни сесии со цел презентирање на различните аспекти на повикот со следниот распоред:

1) 25 април 2024, 10.00-11.00 ч., Онлајн информативна сесија: Повикот за добри практики накратко

2) 23 мај 2024, 10.00-11.00 ч., Онлајн информативна сесија: УРБАКТ Добри практики – можности за видливост за вашиот град!

3) 20 јуни 2024, 10:00-11:00 ч.,  Онлајн - информативна сесија: Како да ја пренесете вашата добра практика?

Мени за пристапност