Повикот е тематски, односно истиот е отворен за проекти кои би придонеле кон “Попаметна и позелена медитеранска област” преку спроведување на активности во рамки на следните специфични оски:
Приоритет 1. Попаметна медитеранска област
- 1.1. Развој и унапредување на капацитетите за истражување и развој и прифаќање на напредни технологии
Приоритет 2. Позелена медитеранска област
- 2.6 Промоција на транзицијата кон циркуларна и одржлива економија
- 2.4 Промоција на адаптацијата кон климатските промени и заштитата и отпорност кон ризици од катастрофи, земајќи ги во предвид пристапите засновани на еко-системи
- 2.7 Унапредување на заштитата и конзервација на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните области, како и намалување на сите форми на загадување
Целата постапка на аплицирање е по електронски пат, а повикот ќе биде отворен до 27.10.2022 година (13 часот Бриселско време).
За сите подетални информации околу повикот и начинот на аплицирање, како и претстојните настани поврзани со истиот упатуваме да ја посетите веб страната на Програмата, на следниот линк: https://interreg-euro-med.eu/en/call-2-thematic-projects/
Со цел размена на информации, вмрежување, изнаоѓање на партнери и воспоставување на партнерства упатуваме да креирате свој профил на форумот на програмата. Истото може да го сторите на следниот линк: https://interreg-euro-med.eu/en/get-involved/
Како дополнителна алатка за комуникација и вмрежување, до 07.07.2022 година имате можност да креирате профил и да комуницирате преку апликацијата Hopin (со скенирање на бар-кодот https://interreg-euro-med.eu/wp-content/uploads/documents/calls/call-2-thematic-projects/call-02_info-session_17_06_22.pdf )
Во врска со повикот може да го контактирате и Секретаријатот за европски прашања на следните контакти:
Зуица Змејковска, e-mail: Zuica.zmejkovska@sep.gov.mk и Софче Крстиќ, e-mail: Sofce.zafirovska@sep.gov.mk