Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реобјава - Покана за тендер за видливост и комуникација на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на ЕУ стратегијата за Јадранско јонскиот регион во Р.С. Македонија“

Министерство за европски прашања Министерство за европски прашања

Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region - EUSAIR) е макро-регионална стратегија воспоставена во 2014 година. Таа е една од четирите макро-регионални стратегии на ЕУ. Општата цел на EUSAIR е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Макро-регионалната соработка како таква, е пример за управување на повеќе нивоа и истата се карактеризира со активно вклучување на бројни чинители. Ова подразбира вклученост не само на чинители од централната власт, но и на претставници на локалната власт, граѓанскиот сектор, академската и бизнис заедницата. Важно е да се спомене дека макро-регионалното организирање е понова форма на соработка во рамки на Европската унија, а особено ново за нашата земја.

Со цел поблиско претставување на овој концепт, на предностите и придобивките од макро-регионалното организирање, и поконкретно на самата Стратегија на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион, Секретаријатот за европски прашања го објавува овој тендер за видливост и комуникација на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на ЕУ стратегијата за Јадранско јонскиот регион во Р.С. Македонија“

Поканата за тендерот и сите детални документи неопходни за аплицирање се во прилог.

Тендерската документација за проектот ЕУСАИР

Мени за пристапност