Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Oтворен повик за развојни предлог проекти

Министерство за европски прашања Министерство за европски прашања

Секретаријатот за европски прашања информира дека е отворен повик за развојни предлог проекти во рамки на меѓународната развојна соработка на Република Словенија, а на кој може да аплицираат апликанти од Република Северна Македонија. Целта на повикот е обезбедување на ко - финансирање од Словенечки развојни средства за проекти во областа на справување со климатските промени, одржливо управување со природни ресурси и енергија (како на пример управување со отпад, управување со отпадни води, вода за пиење итн.), а кои ќе придонесат кон намалување на сиромаштијата, намалување на диспаритетите и кон одржлив развој во државите партнери.

Повикот со сите детали околу аплицирањето е објавен на веб страната на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, на следниот линк:https://www.cmsr.si/en/news/

Рокот за аплицирање е 15 Август 2022 година на електронската адреса info@cmsr.si

 

Дополнителни консултации директно со Центарот за меѓународна соработка и развој од Република Словенија се можни на следниот контакт: 

mojca.kopse@cmsr.si  или/и тел. +386 1 235 07 80.

 

Контакт од Секретаријатот за европски прашања

Софче Крстиќ, Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: Sofce.zafirovska@sep.gov.mk

Мени за пристапност