Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Најава на информативен ден за програмата Интерег Урбакт IV

Министерство за европски прашања Министерство за европски прашања

Повеќе од 20 години, програмата УРБАКТ обезбедува поддршка за градовите низ Европа со цел решавање на проблемите во локалните заедници и подобрување на квалитетот на живот на нивните граѓани преку размена на знаења и искуства. Досега, повеќе од 1.000 европски градови ја имаат искористено поддршката од оваа Програма, притоа воспоставувајќи соработка во рамките на над 150 мрежи.

Новиот повик за воспоставување на мрежи за трансфер на иновации ќе биде отворен во периодот 10 јануари - 20 март 2024 год. (15:00 ч. по средно - европско време). Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк: https://urbact.eu/get-involved. Градовите од Северна Македонија можат да изразат интерес за учество во една од мрежите и да најдат партнери за проекти преку следниот линк: https://urbact.eu/partnersearchtool .

По повод објавувањето на вториот повик, Секретаријатот за европски прашања во соработка со Заедничкиот секретаријат на УРБАКТ програмата организира информативен ден на 28 февруари 2024 год. во периодот 10.00-12.00 часот.

Вашето учество на информативниот ден можете да го пријавите најдоцна до 27 февруари, 2024 год. до крајот на работното време на следната адреса: Natalija.Filipovska@sep.gov.mk.

Агендата и линкот за приклучување кон онлајн состанокот, ќе биде навремено споделен со регистрираните учесници.

Мени за пристапност