Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Инвестициска рамка за Западен Балкан

Генералниот директораат за соседство и преговори за проширување денес официјално го извести Националниот ИПА координатор, г. Маричиќ за трите проекти кои беа одобрени на 30 јуни 2023 година на состанокот на Оперативниот борд на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

  1. Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Грантот е во износ од 2,2 милиони евра а вкупната инвестиција од 27,5 милиони евра е поддржнана со заем од Светска банка.
  2. Зајакнување на мрежата за пренос на струја во југоисточен регион. Грантот е во износ од 8 милиони евра а вкупната инвестиција од 34,7 милиони евра е подржана со заем од ЕБРД.
  3. Коридор 8 изградба на косини на експресниот пат Крива Паланка Страцин. Грантот е во износ од 14 милиони евра а вкупната инвестиција од 36,7 милиони евра е поддржана со заем од Светска банка.

Во пакети на одобрени проекти се наоѓа и регионалниот проект за Сигурен и безбеден транспорт во износ од 80 милиони евра. Вкупната инвестиција е околу 494,8 милиони евра заем од Светска банка. Преку овој проект ќе се финансира проектот за воспоставување на Интелигентен транспортен систем на Министерството за транспорт и врски што е проценет на околу 12 милиони евра и вкупна инвестиција од 27,7 милиони евра.

Воедно ДГ НЕАР ги достави деталите критериумите за новиот 9ти повик за инвестициски грантови во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Овој повик е ограничен само на проекти од железница. Рокот за доставување на пред-нотификација е 18 август 2023 година а рокот за целосна апликација е 8 септември 2023 година.

Согласно критериумите на овој повик, земјите можат да аплицираат со проекти за рехабилитација на постоечката и изградба на нови одржлива и паметна инфраструктура на главните и продолжените ТЕН-Т железничка мрежа.

Максималниот износ на кофинансирање од инвестициската рамка за Западен Балкан е 50% од вкупната инвестиција а останатите средства треба да бидат обезбедени од заеми од Меѓународните финансиски институции согласно правилата за спроведување на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Новите апликации во рамките на овој повик треба да бидат предвидени во Единствената листа на проекти https://portal.mdt.gov.mk/post-documents/investiciska-ramka-za-zapaden-balkan-document-FUbe.pdf.

Повеќе детали за подготовка на апликациите се достапни на веб страната на Инвестициската рамка за Западен Балкан на следниот линк https://www.wbif.eu/about/how-apply-wbif-grant.

SPP 2022

Прочитај повеќе

Мени за пристапност