Референца за публикација: EuropeAid / 171111 / DD / ACT / XK
Канцеларијата на Европската Унија во Косово бара предлози за поттикнување на соработката меѓу институциите и организациите во прекуграничниот регион со цел да се поддржи одржлив економски раст и да се зајакне социјалната кохезија.
За овој повик се избрани два тематски приоритета на програмскиот документ:
- Тематски приоритет 2: Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство; и
- Тематски приоритет 3: Заштита на животната средина, промовирање на адаптација и ублажување на климатските промени, спречување и управување со ризици.
Буџет на располагање: 2.040.00 евра.
Целосните упатства за апликантите се достапни за консултации на следниве линкови:
https://eeas.europa.eu/delegations/kosovo_en
http://cbc-kosovo-northmacedonia.eu
Крајниот рок за доставување на предлозите е 13 април 2021 година во 12:00 часот по средноевропско време.