ИПА Повеќе – кориснички програми
Оваа помош е достапна за:
Регионални проекти кои ја поддржуваат соработката меѓу корисниците во различни земји, промовирајќи помирување, реконструкција и политичка соработка (на пример, Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА), Централно - европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и Регионалниот совет за соработка (РСС))
Хоризонтални проекти кои се однесуваат на заедничките потреби на неколку корисници и на постигнување на поефикасно спроведување и економии на обем.
Помошта е насочена за проекти од следните области:
- политичка - демократијата и владеењето на правото, човековите права и заштитата на малцинствата, регионалните прашања и меѓународните обврски, привремената цивилна администрација и граѓански дијалог и развој
- економска - конкурентност, соработката со меѓународните финансиски институции, образование и млади
- Способност да се преземат обврските од членството – усогласување на законодавството и стандардите во согласност со правилата на ЕУ, особено во однос на слободното движење на стоки, интелектуална и индустриска сопственост, ветеринарна прашања, транспортот, енергијата, царината и оданочувањето, статистиката, животна средина, преку TAIEX, нуклеарната безбедност и заштита од радијација.
Помошта доаѓа во форма на:
- соработка со меѓународните финансиски институции (на пример, ЕБРД, ЕИБ, ЕЦБ) за да се мобилизираат финансирање
- дијалог и развој на граѓанското општество
- шеми за образование (програми за мобилност на студентите, итн.)
- активности да им се помогне на корисниците да ги исполнат барањата за членство во ЕУ и да ги усогласат нивните стандарди со ЕУ (за статистика, царинските процедури и слично)
Повеќе - корисничките програми дополнуваат поединечни национални програми, со фокусирање на регионалните аспекти и помагајќи им на земјите да учат од заедничките искуства.
Корисници:
Од 2007 година, земјите од Западен Балкан и Турција, под Компонента I - Помош при транзиција и институционална надградба.
Сите детални информации може да се најдат на следниот линк:
http://ec.europa.eu/enlargement/instruments/multi-beneficiary-programme/index_en.htm