Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Компонента III – Регионален развој

Со компонентата за регионален развој се поддржуваат земјите за развој на политики, како и за подготовка за спроведување и управување со кохезивната политика на Заедницата, особено за нивна подготовка за Европскиот фонд за регионален развој и Кохезивниот фонд.

 

Цели на оваа компонента се:

 

  • Подготвување на земјите - кандидатки за програмирање, спроведување и управување со Структурниот фонд и Кохезивниот фонд.
  • Спроведување на проекти кои се во согласност со приоритетите на Заедницата и националните приоритети, особено во секторите на транспорт и животна средина.

 

Генерално, компонентата поддржува 3 главни области: транспорт, животна средина, регионална конкурентност, меѓутоа Република Македонија е влезена во две од нив т.е. транспорт и животна средина преку:

 

  • Проекти за транспортна инфраструктура, која се фокусира на поврзување со ТЕН-Т мрежите;
  • Проекти од животната средина поврзани со управување со отпад, водоснабдување, градски отпадни води и квалитет на воздух, енергетска ефикасност, обновлива енергија и непречен урбан транспорт;
  • Преструктурирање на индустриските зони, вклучувајќи санација на загадените локации и земјиште.
  • Стратешката цел на ОПРР е да се подобрат условите за одржлив развој на Република Македонија преку подобрување на транспортната и инфраструктурата на животната средина за подобра комуникација соседите, но и обезбедување на квалитет на животот и економски развој.

 

Првата Оперативна програма е изготвена за периодот 2007 -2009 и потпишана е Спогодба за финансирање за соодветниот период. Оваа Оперативна програма е модифицирана два пати и тоа за периодот 2010 -2011 и 2012-2013.

 

Сите документи за соодветните програмски периоди се дадени на линковите подолу.

 

2012-2013

2010-2011

2007-2009

Мени за пристапност