Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Компонента I - Транзициска помош и институционална надградба

Компонентата 1 - Помош при транзиција и градење на капацитетите

 

Помошта од ЕУ преку оваа компонента е всушност помош за градење на капацитетите на институциите и поддршка за исполнување на критериумите поврзани со усвојувањето на законодавството на ЕУ. Истата претставува и фонд со кој ќе се покриваат мерки од компонентите 3,4 и 5, а воедно, преку оваа компонента се поддржува учеството на РМ во програмите и агенциите на заедницата.

 

До 2011 година, финансиската помош од оваа компонента ги следните главни области на интервенција:

 

  • Добро раководење и владеење на правото;
  • Економски развој и социјална кохезија;
  • Способност за преземање на обврските за членство во ЕУ;
  • Поддршка за подготвување програми и учество во програмите на заедницата.

 

Во рамките на првата област / добро раководење и владеење на правото се поддржуваат реформите во јавната администрација, поддршка на процесот на децентрализација, преземање на заложбите од ССА, еднаква застапеност согласно Охридскиот рамковен договор.

 

Компонентата ја поддржува и реформата на полицијата во исполнувањето на националната стратегија за реформи во полицијата, во борбата против дрога, корупција, континуирано управување во областа миграција, азил и визен режим и во целосно исполнување на стратегијата за интегрирано гранично управување. Истовремено, преку Компонентата 1 се поддржуваат областите финансиско управување и контрола, процесот на децентрализирано управување со фондовите на ЕУ и создавање на вистинско партнерство помеѓу управата и граѓанското општество.

 

Во рамките на втората област за економски развој и социјална кохезија ќе се поддржи заокружувањето на реформите за регистрација на земјиштето и недвижнините, зајакнувањето на катастарот, контролата и супервиѕизајата на финансиските пазари и подобрувањето на административните капацитети во областа на фискалната политика (на локало и централно ниво). Воедно, ќе се поддржат и мрежното информатичко поврзување со даночните системи во ЕУ, креирањето на сеопфатна трговска политика на РМ, подобрувањето на регулаторната рамка за трговија и градење на капацитетите во областа на регионалната политика за имплементација на националните и регионални развојни планови.

 

На крај, во однос на преземањето на обврските од идното членство во ЕУ, компонентата ќе ги поддржи областите внатрешен пазар и конкурентност, информатичко општество, статистика, заштита на потрошувачите и здравјето, заштита на животната средина и царинската управа.

 

За периодот 2011-2013 година, финансиската помош од оваа компонента се сведе на интервенција по сектори:

 

  • Реформи во јавната администрација;
  • Правда, внатрешни работи и човекови права;
  • Развој на приватен сектор;
  • Земјоделство и рурален развој;
  • Транспорт;
  • Животна средина;
  • Социјален развој.

 

Активностите кои се поддржуваат во рамките на секој поединечен сектор се дадени во Повеќе – корисничкиот документ за планирање за 2011-203 (Multi – annual Planning Document 2011-2013)

 

Оваа компонента се дели на национална и регионална

 

Национални програми 

Мени за пристапност