На Европската Комисија за подготовка на мислење по барањето на Република Македонија за членство во Европската Унија
Што по предавањето на одговорите?
Официјална делегација на Република Македонија, што ја предводеше Претседателот на Владата нa РМ Владо Бучковски, на 14 февруари 2005, му ги предаде одговорите на Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо.
Повеќе за прашалникот
Што по предавањето на одговорите?
Официјална делегација на Република Македонија, што ја предводеше Претседателот на Владата нa РМ Владо Бучковски, на 14 февруари 2005, му ги предаде одговорите на Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо.
По анализата на одговорите и прибирањето информации од други извори Европската комисија изготвува мислење ( avis ) кое го доставува до Советот на Европската унија. Оваа институција позната и како Совет на министри која е водечко одлучувачко тело на Унијата потоа поднесува предлог до Европскиот Совет за тоа дали државата да се стекне со статус на кандидат и дали да отпочне преговори за членство. Европскиот Совет се среќава на секои шест месеци на ниво на шефови на држави и влади.
Што е прашалникот?
Прашалникот претставува форма (алатка) преку која Европската комисија прибира податоци за степенот во кој земјата е подготвена за членство во Европската Унија, а пред се за отпочнување на преговори за членство. Тоа практично значи согледување за вкупните општествени перформанси за земјата апликант. Притоа, Прашалникот е веќе востановен инструмент и пракса и преку кој се детектираат позитивните и негативните страни на земјата апликант.
Процесот на одговарање
Владата на Република Македонија си постави рок да одговори на прашањата за не повеќе од четири месеци. Со усвојувањето на одговорите од Владата, на седница на 24 јануари, процесот заврши дури и порано од предвиденото. Претходно сите подготовки беа навремено завршени. Беа воспоставени посебни структури задолжени за процесот на одговарање на Прашалникот, а Владата донесе Упатство, така што сите задачи беа точно определени вклучувајќи и единствени правила за одговарање.
Исклучително е важно да се сфати дека одговорањето на Прашалникот на ЕК е процес. Тоа значи дека работа на Комисијата не завршува по доставувањето на прашањата, ниту пак завршува работата на земјата апликант врз одговорите откако ќе ги достави до Комисијата. Постои можност земјата апликант да побара дополнителни објаснувања од Комисијата и насоки за одговарање. Од друга страна, вообичаено е и Комисијата да достави дополнителни прашања доколку смета дека се потребни дополнителни податоци или појаснувања по некое прашање.
Одговори на Прашалникот на Европската Комисија за подоготвка на мислење за барањето на Република Македонија за членство во Европската Унија (македонска верзија) |
|||
Вовед | |||
Поглавје | Големина (KB) | Превземи | |
I | Политички критериуми | 4771 | ![]() |
II | Економски критериуми | 2069 | ![]() |
01 | Слободно движење на стоки | 1217 | ![]() |
02 | Слободно движење на лица | 485 | ![]() |
03 | Слободно движење на услуги | 1342 | ![]() |
04 | Слободно движење на капитал | 1036 | ![]() |
05 | Право на трговски друштва | 728 | ![]() |
06 | Конкуренција | 500 | ![]() |
07 | Земјоделство | 3252 | ![]() |
08 | Рибарство | 405 | ![]() |
09 | Сообраќајна политика | 675 | ![]() |
10 | Оданочување | 791 | ![]() |
11 | Економија и монетарна унија | 690 | ![]() |
12 | Статистика | 1028 | ![]() |
13 | Социјална политика и вработување | 2355 | ![]() |
14 | Енергетика | 959 | ![]() |
15 | Индустриска политика | 5182 | ![]() |
16 | Мали и средни претпријатија | 539 | ![]() |
17 | Наука и истражување | 448 | ![]() |
18 | Образование, обука и млади | 1170 | ![]() |
19 | Телекомуникации и информатичка технологија | 1072 | ![]() |
20 | Култура и аудиовизуелна политика | 520 | ![]() |
21 | Регионална политика и координација на структурни инструменти | 758 | ![]() |
22 | Животна средина | 1822 | ![]() |
23 | Потрошувачи и здравствена заштита | 761 | ![]() |
24 | Правда и внатрешни работи | 2709 | ![]() |
25 | Царинска унија | 638 | ![]() |
26 | Надворешни односи | 594 | ![]() |
27 | Заедничка надворешна и безбедносна политика | 776 | ![]() |
28 | Финансиска контрола | 532 | ![]() |
29 | Финансиски и буџетски одредби | 280 | ![]() |
Одговори на дополнителните прашања од Прашалникот на ЕК (10.05.2005г.) -македонски- |
|||
01 | Економски критериуми и поглавја од Acquis | 897 | ![]() |
Одговори на дополнителните прашања од Прашалникот на ЕК (05.09.2005г.) -македонски- |
|||
01 | Политички критериуми | 311 | ![]() |