Twinning SEP
четврток, 04 јуни 2015 11:48
РАБОТИЛНИЦА: „Координативни структури на ЕУ – искуства од Хрватска, Полска и Германија и нивно влијание во Македонија“
ОПИС: На 6 мај 2015г., под активност 1.1.1 од твининг проектот, се одржа работилницата „Координативни структури на ЕУ - искуства од Хрватска, Полска и Германија и нивно влијание во Македонија”.Експерти од трите горе наведени земји членки учествуваа во оваа работилница давајќи релевантни информации во врска со ЕУ координативниот систем, истовремено посочувајќи ги искуствата, предностите и слабостите на ЕУ координативните модели во Хрватска, Полска и Германија. Од страна на земјата корисник, учество земаа претставници од релевантните владини институции и ресорните министерства кои се инволвирани во македонскиот координативен систем за ЕУ интеграција.
За време на работилницата се одржа дискусија за можните правни и организациски мерки кои се потребни да се превземат за да се консолидира македонскиот координациски систем.