Проекти
Со цел поголема достапност и зголемен проток на информации за Европската унија за граѓаните на Република Македонија и во согласност со нивните потреби и интереси Секретаријатот за европски прашања на 25 март 2007 година го отвори нејзиниот МК-ЕУ инфо-центар. Зголемената заинтересираност на граѓаните за пристапување кон Европската унија и сознанијата за нејзините основни вредности, ја поставија основната причина на постоењето на МК-ЕУ Инфо Центарот.
Инфо центарот претставува информативен прозорец за добивање на актуелни и релевантни податоци на Македонија кон Европската унија. Самата улога на Инфо центарот е да придонесе поголема транспарентност на процесот за интегрирање во ЕУ и демистифицирањето на процесот приближување на Македонија кон ЕУ. МК- ЕУ Инфо центарот има за цел да го искорени евроскептицизмот кој би можел да се појави поради недоволен број на информации. Центарот претставува катче за сите граѓани во кое тие би добиле релевантни податоци и одговори на нивните прашања поврзани со процесот на приближување на Македонија кон Европската Унија.
Инфо центарот на Секретаријатот за Европски прашања обезбедува повеќе поволности за граѓаните на Република Македонија преку пристап до интернет-страници и странски весници кои нудат најразлични податоци и информации за Европската унија, за активноститите на Секретаријатот за европски прашања како и реформските процеси кои ги спроведува Владата на Република Македонија.
Во МК-ЕУ Инфо центарот секојдневно се подготвува преглед од домашен и странски печат преку кој се следат сите новости и активности поврзани со приближувањето на Република Македонија кон европското семејство.
Инфо центарот располага со богат фонд на стручна литература со околу 600 наслови од областа на Европската унија. Исто така на располагање се 500 стручни и научни книги и учебници од познати автори од кои се учи на врвните и реномирани универзитети во САД, Англија, Франција и Германија, а кои се преведени на македонски јазик.
Преку брошурите, флаерите и туристичките материјали пак кои се нудат, може да се добијат голем број информации за земјите членки на Унијата како и телата и институциите на Европската унија.
Во просториите на Инфо центарот исто така се организираат разни состаноци, настани, средби, интервјуа и дебати на најразлични теми.
На 7 мај оваа година Секретаријатот за европски прашања во соработка со UNDP и Делегацијата на ЕУ во Република Македонија во просториите на МК- ЕУ Инфо центарот ја промовираше проект иницијативата “Youth for Europe”.
Достапни сме за сите граѓани секој ден од 09.00ч до 17.00ч.
Телефон контакт: (02) 3223 641