Проекти
Со „Стратегијата за информирање и комуникација со јавноста во процесот на пристапување на Република Македонија во Европска унија 2007-2010“ предвидени се повќе комуникациски кампањи наменети за специфични целни групи.
Кампањата Одиме локално е наменета за локалните власти со цел да се подигне свеста кај нив и другите засегнати страни на локално ниво за потребата и важноста од нивно активно вклучување во процесот на европска интеграција на Република Македонија.
Кампањата започна да се реализира во 2007 година, а предвидено е да трае до 2010 година и со неа треба да се опфатат сите општини во Република Македонија. Во кампањата зедоа учество членови на Владата на Република Македонија и амбасадори на земјите членки на ЕУ.
Во досегашниот период посетени се следните општини:
Свети Николе, Битола, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Гевгелија, Крива Паланка, Македонски брод, Кичево, Штип, Делчево, Демир Хисар, Долнени, Центар Жупа, Маврово – Ростуше, Крушево, Вевчани, Дебар, Кратово, Демир Капија,Тетово, Аеродром, Струга, Богданци, Неготино, Гостивар, Чаир, Сарај, Желино, Струмица, Ново Село, Липково, Зајас, Дојран, Валандово, Чашка и Ресен.
Кампањата ја реализира Министерството за локална самоуправа во соработка со Секретаријатот за европски прашања како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
На трибините се дебатира за најновите трендови и активности на владините институции на централно ниво во рамки на процесот на европска интеграција, прашања од интерес за локалните самоуправи и нивните граѓани, како тековните активности во процесот на европска интеграција, претстојните преговори, визниот режим, развојот на регионите и можноста за користење на средства од ИПА инструментот, перспективите за младите и соработката со невладиниот сектор.
Амбасадорите и нивните претставници зборува за своите земји, нивните искуства во големото семејство на ЕУ и придобивките од членството во ЕУ, проширувањето и перспективите на Република Македонија. Интересот на граѓаните е значителен, а за тоа помага и големата медиумска покриеност на локално ниво.