Проекти
Кампања која има за цел да го подигне нивото на информираност на учениците и студентите за Европската унија, да ја зголеми нивната свест за значењето на евроинтегративните процеси и реформите што Република Македонија ги спроведува за да стане дел од Унијата и да им ги приближи придобивките од полноправното членство. Преку презентации во основните училишта, средните училишта и факултетите, учениците и студентите се запознаваат со основните податоци за ЕУ, условите и критериумите за членство, поважните настани во односите РМ-ЕУ, обврските и придобивките од членството во ЕУ како и активностите кои ги презема Владата на Република Македонија во процесот на европска интеграција.
Кампањата ја спроведуваат Секретаријатот за европски прашања и Министерството за образование и наука. Реализацијата започна во 2007 година и до крајот на 2010 година, низ 7 фази посетени се вкупно 144 основни училишта, 47 средни училишта и 15 факултети низ територијата на Република Македонија. Презентери во основните училишта се државни службеници од СЕП и МОН, а во средните училишта и факултетите министрите од Владата на Република Македонија придружувани од амбасадорите на земјите членки на ЕУ, кои го пренесуваат искуството на своите земји на патот кон Унијата.
Јавноста, за сите посети на образовните институции е информирана преку соопштенија до медиумите. Сите посети се отворени за медиумите и се извонредно покриени.
Досегашната реализација на кампањата покажа позитивни резултати, согледани низ повратните информации поврзани со интересот кај учениците и студентите, приемот во училиштата и медиумското покривање на реализираните активности.