Како значаен чекор кон унапредување на напорите за европска интеграција на Северна Македонија, УНОПС го имплементира проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“ финансиран од Шведска, Швајцарија и Министерството за европски прашања и „Проектот Знаење за реформи“, финансиран од Норвешка.
Овие два проекти помогнаа да се унапредат подготовките за пристапните преговори со ЕУ, како следен чекор за европска интеграција. Оваа иницијатива се надоврзува на веќе воспоставената соработка меѓу УНОПС и Министерството за европски прашања, при што беа развиени клучните патокази за подобрување на процесот на пристапување на земјата во ЕУ по одржаниот билатерален скрининг.
На 6 и 7 февруари 2025 година, во Скопје се одржаа работилници за зајакнување на преговарачките капацитети на земјата. Дводневните работилници обезбедија платформа за повеќе од 50 претставници од клучните институции во рамки на Кластер 1 меѓу кои: Министерството за европски прашања, Министерството за финансии, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Генералниот секретаријат на Владата, Заводот за статистика, Државниот завод за ревизија, Парламентот, Бирото за јавни набавки и други. Претставниците на овие институции имаа можност да се вклучат во практични активности дизајнирани да обезбедат координација и сопственост на процесот. Оваа иницијатива е пример за тековната посветеност за континуирано учење, соработка и градење капацитети, за успешно патување за пристапување во ЕУ.