Новости
вторник, 11 февруари 2025 04:24
Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во Република Северна Македонија, Паоло Палминтери.
Муртезани и Палминтери ја реафирмираа успешната соработка во рамките на европските инструменти, како што се IPA Twinning и TAIEX, каде досега се реализирани осум Twinning проекти со италијански партнери во областа на животната средина, земјоделството, организираниот криминал и развојот на приватниот сектор. Министерот Муртезани ја охрабри италијанската страна за понатамошно учество во овие програми, кои значително придонесуваат кон усогласување со европските стандарди. Дополнително, беше истакнато дека Северна Македонија веќе е дел од меѓурегионалните и транснационалните територијални програми – URBACT, Interreg Европа, Euro-Med и Adrion, што отвора нови можности за зајакнување на партнерствата меѓу институциите и граѓаните на двете земји.
Министерот Муртезани и амбасадорот Палминтери ја потврдија заедничката посветеност кон продлабочување на билатералната соработка, со крајна цел забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија.