Проектни единици
Проектот Техничка поддршка за ИПА Центар за обуки, финансиран од Европската унија започна да се спроведува од 14 јуни 2010 година и ќе трае 24 месеци. Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската унија и се спроведува од страна на Lattanzio e Associati (Италија) во конзорциум со Formez PA (Италија) и France Coopération Internationale (Франција).
Тело за спроведување на проектот е Секретаријатот за европски прашања (СЕП), под чија што закрила ќе биде идниот ИПА Центар за обуки (ИПА ЦО). Целна група е целокупната јавна администрација и крајните корисници на европските фондови.
Цел на проектот е да обезбеди поддршка на Секретаријатот за европски прашања при формирањето на одржлив Центар за обуки наменет за спроведување на обуки во областа на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и идните европски структурни и кохезиони фондови.
Во иднина, ИПА Центарот за обуки ќе има задача да врши обука и да му овозможи надградба на кадарот во централната и локалната јавна администрација, како и на претставниците на граѓанското општество кои работат со ИПА. ИПА Центарот за обуки воедно ќе има задача да го оспособи релевантниот кадар да поттикнува, развива, спроведува и да врши следење на проекти финансирани од ЕУ со соодветна анализа и вештини за известување.
Проектот се состои од следните компоненти:
Компонента I: формирање на одржлив ИПА Центар за обуки. Тоа подразбира дефинирање на јасен концепт приспособен на сегашната локална и идна состојба на финансирањето од ЕУ. Центарот ќе биде формиран согласно националната регулатива и јасни правила на управување. Кадарот задолжен за управување со ИПА ќе има можност да се запознае со најдобрите практики на земјите членки и најсоодветните да ги пренесе во ИПА Центарот.
Компонента II: изработка на план за обука и спроведување на обуки. Ќе биде изработен сложен сет од 4 наставни планови наменет за двојната цел да се обучат напредни и нови корисници на европските фондови. Тој ќе опфаќа широко поле на практични теми како изработка на оперативна програма, финансиски процедури, следење, проценка на влијание, известување и многу други. Проектот ќе ги земе во предвид специфичните потреби на целните групи и ќе се фокусира на исполнување на критериумите за земји кандидати за ЕУ. Предвидено е да се обучат најмалку 700 државни службеници на централно и локално ниво.
Компонента III: обука за обучувачи. Со цел да се постигнат горе наведените цели, ќе се изберат 30 владини обучувачи, ќе се обучат и ќе се надгради нивното знаење да вршат ad hoc обука. По обуките за надградба на знаењето по методологија на обука, тие ќе се обучат и за плановите за обука за обуки за ИПА, наведени во компонента 2. Нивниот профил и вклученост во ИПА Центарот за обуки внимателно ќе се одредува со цел овозможување на одржливост. Избраните обучувачи ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини за време на сесиите за обука на локално ниво.
Компонента IV: промовирањето и подигањето на свеста е важен аспект за ИПА Центарот за обуки. Поради тоа, ќе бидат изработени каталози за обука, брошури и практични водичи за овозможување на видливост на Центарот и на ИПА.
Компонента V: покрај претставниците на јавната администрација, друга важна целна група е граѓанското општество кое ќе биде опфатено преку серија од 8 работилници ширум земјата.
Компонента VI: за одржливост и понатамошно развивање на ИПА Центарот за обуки, неопходно е да се поттикне вмрежување на раководителите и обучувачите со нивни колеги од земјите членки. Со таа цел, проектот ќе постави основа за вакво вмрежување, препораки за во иднина и ќе организира учество на некои ИПА обучувачи на регионална конференција.
Трансверзална тема за сите компоненти се прашањата од заеднички интерес (родова рамноправност, малцинства, животна средина, добро управување), кои внимателно ќе бидат опфатени со проектот.
По завршување на проектот, земјата може да смета на одржлив центар за обуки кој ќе биде во можност да понуди стандардизирани услуги за обука со контрола на квалитет преку мрежа на искусни обучувачи.