Проектни единици
Главната цел на проектот е да се развијат институционалните капацитети за исполнување на интензивниот процес на преговори и пристапување на Република Македонија во Европската унија.
Конкретните цели на проектот се следни:
Времетраењето на проектот е 18 месеци, а истиот е започнат од јануари 2011 година.
Секретаријатот за европски прашања е главниот корисник на проектот, а индиректно и државните службеници на национално и локално ниво. European Competence е партнерската организација при имплементацијата на проектот.
Проектните активности се групирани во рамки на три компоненти, и тоа:
I. Градење на капацитетите во избрани области од правото на Европската унија
Оваа компонента ги вклучува следниве активности:
- Подготовка на посебни планови (curricula) за обука за селектирани специфични програми;
- Имплементација на програми за обука во селектирани области од правото на Европската унија во Скопје за околу 240 државни службеници;
- Организирање на четири напредни семинари во Брисел за избрани државни службеници;
- Подготовка на план и програма за обука за идни обучувачи, избрани меѓу учесниците на обуките, врз основа на нивните квалификации и работни задачи.
Различните програми за градење на капацитетите се следниве:
- Програма 1: Институции на Европската унија и донесување одлуки;
- Програма 2: Внатрешен пазар;
- Програма 3: Политика на Европската унија во однос на Информатичко комуникациска технологија;
- Програма 4: Транспортна политика на Европската унија;
- Програма 5: Регионална политика на Европската унија;
- Програма 6: ЕУ проектен менаџмент.
II. Воведување на интегриран систем и платформа за учење и обука:
Оваа компонента ги вклучува следниве активности:
- Оценка на постоечкиот систем за учење за Европската унија;
- Развивање на специфични алатки за учење и обука;
- Интеграција на платформата за обука во рамки на организациската поставеност на Секретаријатот за европски прашања;
- Подготовка на соодветен простор за Центар за обука и обезбедување на соодветна информатичко комуникациска инфраструктура.
Линк до платфомата за ЕУ учење и обуки
III. Техничка помош при дефинирање на политика за намалување на одливот на државни службеници
Оваа компонента ги вклучува следниве активности:
- Анализа на постоечката поставеност и предизвиците во однос на обуката и намалување на одливот на државни службеници;
- Дизајнирање на национален модел на политика за намалување на одливот на државни службеници, користејќи ги искуствата од новите земји членки на Европската унија;
- Техничка помош за имплементација на дизајнираниот модел;
- Поддршка на пилот фазата од функционирањето на новиот модел (следење и поддршка);
- Генерирање на готови предлог проекти.