Проектни единици
Проектот „Техничка помош за поддршка на институциите за ДИС“ финансиран од Европската Унија, започна да се спроведува од Јуни 2010 и ќе трае 16 месеци и се спроведува од страна на Lattanzio e Associati (Италија) во конзорциум со Formez PA (Италија).
Договорниот орган е Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Корисници на проектот се НИПАК секретаријатот (Национален ИПА координатор) т.е. Секретаријатот за европски прашања, одговорен за техничко спроведување на проектот и Министерството за финансии, НАО (Национален координатор за авторизација) заедно со НФ (Национален фонд) и ЦФЦД (Сектор за централно финансирање и склучување договори).
Севкупната цел на проектот е да се зајакне административниот капацитет на клучната ДИС оперативна структура, да се справи со барањата за подготвување програми, идентификација, спроведување процес на планирање и управување на средствата на ЕУ во рамките на ИПА Регулативата.
Целта на овој договор е да им помогне на канцеларијата на НИПАК, ЦФЦД, НФ/НАО, како и СПО на ресорните министерства во јакнење на нивните капацитети за ефективна и ефикасна имплементација на доделените одговорности за ИПА.
Посебен фокус ќе биде ставен на вршење на практични функции на персоналот поврзани со подготвување Оперативни Национални програми, подготовка на проектни документи, финансиско управување, контрола на активностите и техничко спроведување на ИПА проекти.
Проектот е поделен во 3 области:
Област 1: Поддршка на Секретаријатот за европски прашања во нејзината улога како поддршка на НИПАК
Проектот ќе обезбеди консултантски услуги и совети за, меѓу другото, воспоставување на приоритети, дефинирање на стратегии, алатки за обезбедување на квалитетот, хоризонтални прашања и програмски методологии.
Област 2: Поддршка на ЦФЦД, НФ и НАО
Тимот на проектот ќе им помогне на ЦФЦД, НФ и НАО да ги применуваат правилата и постапките утврдени во Практичниот водич и неговите идни дополнувања за договорните процедури за надворешна помош на ЕУ како и за сите фази на проектните активности во администрацијата.
Област 3: Поддршка на СПО и ресорните министерства
Оваа област е посветена за да се оцени до кој степен ресорните министерства и СПО можат да произведуваат изддржливи предлог-проекти и како најдобро да се искористи програмската помош од ИПА во периодот 2007-2013.
Сите активности за обука и менторство треба да бидат ставени на располагање на персоналот на релевантните администрации кои се директно вклучени во пограмата на ЕУ за финансиска соработка и треба да бидат закажани на таков начин што ќе знаат и можат веднаш да се користат во нивната практична работа.
Во спроведувањето на проектните активности, особено внимание ќе биде посветено на обезбедување на одржливост и дисеминација на резултатите од проектот.
Лице за контакт:
Невенка Стаменковска,
Виш програмски службеник (СПО),
Одделение за Стратешко планирање, градење на политики и мониторинг и техничко спроведување на ЕУ проекти
Тел: 02/3200 134
Nevenka.stamenkovska@sep.gov.mk