Почитувани,
Денес (среда, 20.1.2021 год.) во 15:30ч. пред магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување (касарна „Гоце Делчев" во општина Аеродром во Скопје) ќе се изврши презентација на донација која што Чешката Република преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за Република Северна Македонија, како поддршка во борбата против КОВИД 19.
На настанот ќе присуствуваат заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, во својство на Национален координатор за странска помош во земјава, амбасадорот на Чешка во Северна Македонија, Мирослав Томан и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.
Воедно ве известуваме дека по презентацијата ќе следат изјави за медиумите.
Покануваме ваша екипа да го проследи настанот.
НАПОМЕНА:
Поради процедурите на касарната за претходна најава на лицата кои што ќе го следат настанот, замолуваме да ни испратите име и презиме на новинарот и камерманот/фото репортерот, со цел истите да бидат пријавени од наша страна за влез во касарната „Гоце Делчев", а при влез исто така задолжително е носењето на документ за лична идентификација.
Пријавувањето за следење на настанот ќе може да го направите на следнава електронска адреса:
slavica.karova@sep.gov.mk најдоцна до денес (среда), до 12:30 часот.
Замолуваме вашите екипи да бидат пред касарната „Гоце Делчев" најдоцна до 15:00 часот, за да можат навремено да ги поминат безбедносните процедури, а потоа со возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), внатре во касарната ќе бидат транспортирани до местото на настанот.