Најави
вторник, 16 април 2024 12:43
Целта на повикот е идентификување на инспиративни локални практики за одржлив урбан развој, со веќе докажано влијание што може да биде релевантно и лесно да се пренесе во другите европски градови.
Откријте што има за вас и учествувајте!
Станете град на УРБАКТ добра практика!
Градовите од 27 земји-членки на Европската унија, од земјите-партнери (Норвешка, Швајцарија), од земјите кои го користат Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), како и од Украина и Молдавија, се поканети да ги предложат своите добри практики.
Избраните градови ќе имаат можност и следната година да водат УРБАКТ мрежа за трансфер, и да ја пренесат својата добра практика во други европски градови.
Повикот e отворен од 15 април до 30 јуни 2024 година.
|
||||||||||||
|
|