Новости
вторник, 19 март 2013 08:35
Заменик претседателот задолжен за Европски прашања, д-р Фатмир Бесими, денес оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Н.Е. г-дин Арбен Чејку.
Амбасадорот на Република Албанија му честиташе на заменик претседателот Бесими за новата функција и се заблагодари за одличната соработка која двете држави ја имаа во областа на одбраната и интеграциите на НАТО, за време кога г-дин Бесими раководеше со Министерството за Одбрана на Република Македонија.
Во рамки на институционалната соработка, г-дин Чејку ја нагласи важноста која ја има оваа соработка, во насока на имплементацијата на меѓусебниот договор кои го имаат двете држави во врска со европските интеграции.
Тема на разговорите беа и актуелните случувања, каде заменик претседателот Бесими и амбасадорот Чејку се согласија, дека овие локални избори, кои се за граѓаните и за развојот на општините, исто така треба да се сметаат како придонес кон демократскиот имиџ на државата. Тие може да помагаат за внатрешна интеграција и зајакнување на меѓуетничките односи, како предуслов за интеграциона и евроатланска визија на Македонија.
Исто така, во таа насока се разговараше и за посетата и идните средби на заменик претседателот Бесими во Тирана, поврзани со агендата за интеграции на двете држави како и за добрососедската и регионалната соработка.