Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.23 Правосудство и фундаментални права ги покрива областите на правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права.
Во делот на правосудството политиките на Европската Унија имаат за цел да се осигури квалитет на правдата и пристапот до правдата за граѓаните. Главниот фокус на реформите во правосудството се однесува на обезбедување на независност, професионалниот и непристрасност на судството. Во делот на антикорупциската политика, политиките на Европската Унија имаат за цел да се обезбеди превенција и репресија на корупцијата на сите нивоа.
Европските принципи за фундаментални права се утврдени во Повелбата за фундаменталните права која што со стапувањето на Лисабонскиот договор на сила е правно-обврзувачка за земјите членки. Во оваа област фокусот на ЕУ е ставен на борбата против дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата, слободата на изразување, заштитата на личните податоци како и на заштитата на ранливите групи, како што се децата, жените и малцинствата.