Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.33 Финансиски и буџетски одредби ја покрива областа традиционални сопствени ресурси. Оваа област во суштина ги покрива правилата и воспоставувањето на потребните услови и капацитети на системот на сопствени средства, со цел навремена и прецизна пресметка на прибирањето, плаќањето и надзорот на средствата, кои Република Северна Македонија од денот на нејзиното пристапување во ЕУ ќе ги уплаќа во буџетот на Европската Унија. Овие средства се т.н. традиционални сопствени средства, кои потекнуваат од прибраните приходи од царини, од данок на додадена вредност и од бруто националниот доход на секоја земја членка. Правната легислатива во ова поглавје е задолжителна и не бара транспонирање во националното законодавство.