Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.32 Финансиска контрола ги покрива следните области: јавна внатрешна финансиска контрола, надворешна ревизија, заштита на финансиските интереси на ЕУ, Ревизорско тело за ревизија на ИПА и заштита на еврото од фалсификување.
Во областа на финансиската контрола политиката на ЕУ развива реформи на националните системи за управување со цел подобрување на раководната одговорност и стабилното финансиско управување со приходите и расходите и надворешна ревизија на јавните средства. Правилата на ЕУ за финансиска контрола дополнително ги штитат финансиските интереси на ЕУ против измама во управувањето со средствата на ЕУ и против фалсификување на еврото.