Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.22 Регионална политика и координација на структурни инструменти ги покрива следните области: законодавна рамка, административен капацитет, програмирање, следење и проценување, како и финансиско управување и контрола. Основни цели на националната политика во делот на оваа област се: Ефикасното користење на претпристапната помош на Северна Македонија, поддршка при исполнување на критериумите за пристапување кон полноправно членство во ЕУ; максимална апсорпција на средства од ИПА; обезбедување соодветна, ефективна и ефикасна имплементација на проектите финансирани од ИПА; управување на развојот на сите региони во земјата. Рамномерниот регионален развој ќе помогне во создавањето на еднакви можности во сите региони во земјата како би можеле да се интегрираат во економијата. Јакнење на административниот капацитет како гаранција на целосна и ефективна упротреба на ИПА помошта за земјата.