Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.21 Транс-европски мрежи ги покрива следните области: транспортни мрежи, енергетски мрежи и телекомуникациски мрежи. Оваа област претставува збир на политики кои придонесуваат кон комплетирање на патните мрежи, во насока кон воспоставување на Главна европска мрежа (Core network) за патниот, железничкиот, авио и водениот сообраќај, внатрешните водни патишта, морски сообраќај и пристаништа. Крајната цел е комплетирање на сообраќајната инфраструктура која недостасува, отстранување на тесните грла и техничките бариери, при тоа создавајќи социјална, економска и територијална кохезија во земјата, регионот и ЕУ. Во делот на ТЕН енергетските мрежи, ЕУ исто така е насочена кон комплетирање на енергетските коридори, со цел обезбедување на сигурност во снабдувањето со енергија, диверзификација на енергетските извори и непречено функционирање на внатрешните пазари.